Балкан

На БиХ и се закануваат поплави

На БиХ и се закануваат поплави

Само три месеца по катастрофалните мајсkи поплави, во БиХ повторно има поплави, одрони и лизгалишта по вчерашниот дожд.

Во Челопек кај Зворник водата се излеала од реката Сапне и го прекинала сообраќајот на магистралниот пат Зворник-Бијелина.

Состојбата на природни несреќи повторно е прогласена на подрачјето Завидович  каде што има поплави и лизгалишта.

И во општините на Тузланскиот кантон силните дождови предизвикаа поплави, лизгалишта и одрони.