Црвенковски се појави во СДСМ кај својот иснтрумент наречен Заев

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев денеска се сретнал со неговиот претходник, Бранко Црвенковски во обид да се демонстира дека во партијата нема поделби.

„Заеднички беше заклучено дека на СДСМ и е потребно единство и внатрешна кохензија на сите загрижени за состојбите во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Но, од друга страна, многумина средбата меѓу актуелниот и поранешниот лидер на најголемата опозициска партија ја толкуваат како потврда на информациите дека Заев не може да излезе од сенката на Црвенковски и дека по Конгресот, првиот човек на СДСМ ќе продолжи да ги следи инструкциите на неговиот претходник за тоа како да се продолжи политичкото делување во иднина.

Заев и понатаму продолжува да го спроведува бојкотот на инситутциите и непризнавање на изборните резултати по предвремените парламентарни избори.