среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 33

На Битолскиот универзитет пријавени 1.090 кандидати на првиот уписен рок

Прелиминарната ранг листа од приот уписен рок за студенти во прва година ќе биде објавена на 22. август, а решенија за прием на кандидатите на 24. август.

bitolski-univerzitet

Последни вести

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) го заврши првиот уписен рок за студенти бруцоши во наредната академска година кој се реализираше од 15. до 17. август.

– УКЛО вршеше упис на 11 високообразовни институции, каде беа понудени 50 студиски програми за 3.543 бруцоши. Реализацијата на овој дел од уписната кампања за сите заинтересирани кандидати се одвиваше непречено и заклучно со завршниот ден пријавени се 1.090 кандидати, истакна Елизабета Атанасоска, советник во секторот за ОСЈ при УКЛО-Битола.

Прелиминарната ранг листа од приот уписен рок за студенти во прва година ќе биде објавена на 22. август, а решенија за прием на кандидатите на 24. август.

– Запишувањето на примените студенти од првиот уписен рок ќе се реализира на 25. и 26. август. По завршувањето на уписите, УКЛО ќе ги објави слободните места на секоја единица за вториот уписен рок што ќе се реализира на 1. и 2. септември на кој право за упис имаат и кандидати со училишна матура и завршен испит. Износот за партиципација е 200 евра во државна квота, 100 евра зa дисперзираните студии  и од 100 до 400 евра за кофинансирање и за вонредни студии, потврди Атанасоска.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, доколку е потребно, ќе спроведе и трет уписен рок на 14. септември или на ден пред почетокот на новата академска година.

Најчитани вести