На Блаце спречен обид за криумчарење на 22 килограми марихуана

Царински инспектори од Одделението за оперативни работи на граничниот премин Блацево неделата при контрола на патничко моторно возило во специјално направен бункер пронајдоа околу 22 килограми марихуана.

Во неделата 18,30 часот, на граничниот премин Блаце, за влез во државата се пријавил бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин од селото Белаковец во Бугарија. И покрај тоа што возачот изјавил дека нема ништо за пријавување, возилото било селектирано за детална царинска контрола.

1. Marihuana1,mobilna

При прегледот на надворешниот дел на подвозјето, од левата страна, биле забележани преправки на дел од шасијата, поради што биле отстранети предните седишта на возилото и притоа бил откриен специјално направен бункер по целата должина на левата и десната страна од подот. Во левиот дел од бункерот биле пронајдени 12 паковки а во десниот дел биле пронајдени уште 13 паковки обвиткани со стреч фолија, исполнети со непозната зеленкаста тревкаста материја, за која по извршената проверка со тестер за дрога добиени се индикации дека се работи за наркотична дрога марихуана, со вкупна маса од околу 22 килограми.

Лицето и дрогата се предадени на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

По преземање на случајот и по спроведената преткривична постапка, инспекторите од Одделението за истраги дошле до сознание дека осомничениот по претходен договор со лице од Косово, се согласил да пренесе поголемо количество наркотична дрога – марихуана до западноевропските земји за паричен надомест од 3.000 евра.

2. Marihuana2,mobilna

Царинската управа против осомничениот поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 став 4 и став 7 од Кривичниот законик, додека осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка во Основен суд Скопје 1 Скопје кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.