Македонија,Крими хроника

На Блаце уапсен убиец кој треба да одлежува 10 годишна затворска казна

На Блаце уапсен убиец кој треба да одлежува 10 годишна затворска казна

Полициски службеници од ПС за ГП “Долно Блаце“ при РЦ за ГР Север го приведоа лицето Осман Б. (40) од село Мала Речица, тетовско, баран врз основ на Судска наредба од декември минатата година а во врска со издржување правосилна затворска казна во траење од 10 години за сторено кривично дело “убиство во обид“. Заедно со Осман Б. приведени се и лицата С.М. (34) од Скопје, Б.З. (37) од село Мала Речица и И.С. (40) од село Мриковци, скопско.

Имено при влез во РМ на ГП “Долно Блаце“ за гранична проверка со ПМВ марка „Пежо Бипер“ со скопски регистарски таблички, сопственост и управувано од И.С. заедно со него се јавиле и неговите сопатници во возилото лицата С.М. и Б.З.. Бидејќи при вршење на граничните проверки и проверките во ОЕ, кај полициските службеници се јавило сомнение во целта на патувањето, тие со службено ПМВ се упатиле во правец каде заминале лицата во “пежото“. Тројцата набргу со ПМВ застанале на кратко во близина на Угостителски објект и од таму се упатиле кон Барди Маало, што ги навело полициските службеници да се посомневаат дека лицата најверојатно имаат намера да превземат лице кое нелегално ја преминало државната граница. Возилото се упатило кон Барди маало и за неколку минути се вратило назад, каде било запрено од страна на УПС. Во возилото покрај лицата И.С., С.М. и Б.З. се наоѓал и Осман Б.

По приведувањето дознаено е дека тие тројцата во Косово, односно на приштинскиот аеродром го пречекале Осман Б. кој престојувал во Германија, потоа од таму го донеле до косовско-македонската граница, за тој да ја мине пеш, илегално, со договор да го чекаат на другата страна од границата. Осман Б. е предаден на УПС од ПС за ОН Карпош за понатамошна постапка, а во консултација со дежурен јавен обвинител лицата И.С., С.М. и Б.З. се приведени во ПС за ОН Кисела Вода, поради сомнение за сторено КД по член 402 став 2 од КЗ на РМ (“недозволено префрлање други лица преку границата на РМ”).

Инаку делото за кое е правосилно осуден Осман Б. се случило во јули 2000 година кога по расправија на браќата Џ.А. и Б.А. во село Мала Речица со трето лице поради наводување, дошол Осман Б. кој што извадил пиштол и испукал еден куршум со кој најпрво го повредил Џ.А. во главата нанесувајќи му површинска рана а потоа истиот куршум го погодил Б.А. во десната надколеница