На Блаце запленета махрихуана во вредност од 4 милиони евра

архивска илустрација

Повеќе од еден тон марихуана запленија во вторникот  царинските службеници на граничниот премин Блаце на влез во Република Македонија. Дрогата која досега е најголемо количество запленето во еден случај и се проценува на вредност од околу 4 милиони евра на црниот пазар, а е пронајдена во товарно моторно возило, додека возачот е во бегство.

Како што информираше директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, откако возилото на царинската испостава Блаце било пријавено за започнување за транзитна постапка царинските службеници според критериумите за анализа на ризик го известиле возачот дека ќе извршат детален преглед. По кратко време царинскиот застапник го известил царинскиот службеник дека возачот се одалечил од терминалот и заминал во непознат правец оставајќи го возилото и стоката на граничниот премин.

„По консултација со јавен обвинител, пристапено е кон детален преглед на полуприколката која била товарена во Република Косово со отпадна хартија наменета за Република Турција. При прегледот со отстранување на неколку бали хартија во средишниот дел на приколката пронадјени се вкупно 839 пакувања завиткани во проѕирна најлонска фолија со различна тежина. Тие биле наполнети со растителна материја со зеленкаста боја која на тестер на дрога покажа дека се работи за наркотична дрога, марихуана, информираше директорот Ѓоко Танасовски.

Според директорот запленетата дрога која била наменета за пазарот во Турција би достигнала вредност до 4 милиони евра.