На Богородица уапсено лице барано од Интерпол

Пред два дена во 21 часот и 10 минути на граничниот премин Богородица на влез во Македонија, при пасошка контрола се јавил 44-годишниот И.Ј. од Белград, при што било констатирано дека истиот се бара од страна на Интерпол за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На лицето му е определена мерка „екстрадиционен притвор“ во траење од 40 дена и иситиот е предаден во КПУ Затвор – Скопје.