На Британија и се заканува Армагедон ако не постигне трговски договор со Брисел

Новинарите на британскиот „Сандеј тајмс“ тврдат дека дошле во посед на официјалниот владин документ во кој се опишува излезот на Велика Британија од Европската унија без да се постигне трговски договор со Брисел. Од Кабинетот на Тереза ​Меј во понеделникот ја демантираа иннформацијата, што е сосема разбирливо бидејќи самата содржина на документот е благо речено, катастрофална.

Сценариото за Брегзит без договор со Брисел до 29 март 2019 година, наводно, е потпишан од високи владини претставници. Тие предупредуваат за три можни расплети на случувањата, а ниту еден од нив не звучи позитивно. Најдобрите можни сценарија се нарекуваат „умерени“, другите се „сериозни“, а третиот се нарекува „армагедон“.

Во извештајот се вели дека дури и според второто најлошо сценарио, односно „сериозното“, на Британија и се заканува економска и социјална катастрофа. Пристаништето Довер би пропаднало за само 24 часа, а целата земја ќе остане без храна и лекови за само две недели.

Членовите на РАФ (Кралските воздухопловни сили) би морале да ги транспортираат лековите во најдалечните делови на нашата земја. За жал, ни тоа нема да трае долго бидејќи авионите брзо ќе останат без гориво, вели извор од британската влада за „Тајмс“.

Министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис потврди дека имало дебати за сценарија во случај да не се постигне договор, но истакна дека никој не го споменал „Армагедон“.

Сепак, во Велика Британија не ја кријат загриженоста во врска со реалните можности договорот да пропадне и богатите земји на ЕУ да одбијат да тргуваат со Британците, или во подобар случај прометот да забави.

Целосно сме зависни од трговијата со Европа. Ако таа работа се забави, тогаш сме н….е- изјави неименуван британски владин претставник.

Министерот за внатрешни работи, Саид Џавид рече дека извештаите кои „Сандеј тајмс“ ги објави се хистерични и дека ни е најлошиот кошмар не може да смисли „Армагедон” сценарио.
Убеден сум дека ќе постигнеме договор со Брисел, но исто така се подготвуваме и на моќноста тој договор да пропадне, рекол Џавид.

Најпопуларен термин меѓу британската елита е КАНЗОК (CANZUK). Ова се зборови создадени со спојување на почетните букви на Канада, Австралија, Нов Зеланд и Обединетото Кралство. Иако CANZUK не е нов концепт во британската политика, бидејќи ги поврзува Велика Британија и нејзините поранешни доминиони, многу припадници на британската елита токму во зајакнување на врските меѓу земјите кои го прават CANZUK гледаат начин за излез на Велика Британија по Брегзит.

Имено, зајакнување на трговските врски со Канада, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд ќе доведе до создавање на пазар од 130 милиони потрошувачи, што на британските извозници би била респектибилна замена за единствениот европски пазар. Треба да се спомене дека се работи за земји кои се културно, историски и политички блиски и се во лична унија, бидејќи кралицата Елизабета II. е шеф на државата не само во Обединетото Кралство туку и во Канада, Австралија и Нов Зеланд (како и во некои поранешни британски колонии). Сите тие се членки на Комонвелтот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.