На бродот со имигранти што се преврте имало 950 луѓе ?

Од Италијанското обвинителство соопштија дека дека на бродот со имигранти што се преврте претходната ноќ во Средоземното Море, според изјава на еден од преживеаните, имало околу 950 луѓе.

Обвинителот на Катанија Џовани Салви наведе дека еден преживеан од Бангладеш ја дал таа информација во Обвинителството.

Според првичните информации, на бродот имало околу 700 лица. Во текот на претходната ноќ, бродот превезувал имигранти од либиското крајбрежје. До сега не е јасно дали се работи за истиот преживеан кој дал два различни податоци или се работи за две лица.