петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

На цариници на аеродромот во Брисел одземено оружјето поради недисциплина

Последни вести

На сите 33-ца цариници на аеродромот во Брисел им е одземено оружјето по наредба на раководството, соопштуваат локалните медиуми, пренесува БТА

Решението е привремено, и следува откако еден од службениците се заканил на еден свој колега со служебниот пиштол. Од Министерството за финансии појаснуваат дека и порано имало слични испади на тоа место. Неодамна еден цариник бил фатен на работното место со шише алкохолен концентрат.

Цариниците на аеродромот ќе останат без оружје до завршувањето на внатрешната проверка. Од Министерството дополнуваат дека случајот е поврзан со лични несогласувања и нетрпеливост, а преземената мерка има за цел да биде избегнат потежок инцидент.

Најчитани вести