На Цеца и се закануваат со бомби во Сараево

Огранизирани екстремистички групи планираат да го спречат одржувањето на концертот на најголемата српска фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ во Сараево. Како што пишува српски Курир, на социјалните мрежи веќе се појавиле групи кои потпишуваат петиција за на 30 август да се „минира“ излагањето на Цеца на сцената на стадионот Славија во источниот дел на Сараево. Цеца во Сараево ја нарекуваат сопруга на воениот злосторник Жељко Ражњатовиќ-Аркан која го поддржувала за време на војната на просторот на поранешна Југославија.

Покрај тоа што на социјалните мрежи се огранизирани бројни петиции против нејзиниот настап, поедници се одлучиле да покренат нова петиција во која голем број на Босанци и Херцеговци се згрозуваат од фактот што сопругата на воениот злосторник ќе пее во Сараево за прв пат по војната.

Тензијата дополнително ја подгреала информацијата дека Цеца ќе настапи за време на говорот на претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ.

svetlana-ceca-raznatovic-sarajevo-koncert-bombe-pretnje-1408312836-552739

Одредени медиуми објавиле дека Цеца во Сараево ќе настапи за 75 илјади евра и дека всушност таа е ангажирана од најдобриот пријател на Додиќ за да го поткрене национализмот кај србите. Тоа предивикало револт кај поединци, кои сакаат по секоја цена нејзиниот настап да биде спречен.

Шокантно е што на социјалната мрежа Фејсбук веќе се појави страна под името „Сите заедно против концертот на Цеца во БиХ“ и брои повеќе од 7 илјади поддржувачи. На страницата постои и листа-предлози како да се изведе акција српската ѕвезда да не запее пред 30 илјади луѓе. Еден од нив е непосредно пред концертот во полицијата да се пријави подметната бомба, поради што ќе биде потребно да се изврши евакуација на стадионот.

Покрај бројните пораки со навредлива содржина стои и коментар од администраторот на страницата да се направи бунт.

„Не успеавме да го спречиме концертот во Модрич, но одиме да се бориме за Сараево. Разбудете се, сите заедно против концерти на Цеца во БиХ“, стои во коментарот.

Инаку, Цеца во Босна ќе ја чуваат и полицијата и приватно обезбедување кое ќе и биде доделено на самата граница. Тие во текот на нејзиниот престој ќе видат сметка за нејзината безбедност, а на пејачката и е советувано со себе да не ги носи нејзините деца, Анастасија и Вељко.