На Дакар ќе го видиме и Себастијан Леб – во тимот на “Пежо Тотал”

Себастијан Леб ќе се појави на релито Дакар

Деветкратниот шампион во светското рели првенство, како и актуелен рекордер на Пајкс Пик (ридско брзинската трка во Колорадо) се приклучи кон поставата на Пежо 2008ДКР што ќе настапува следниот месец во Мароко од 3 до 9 октомври, а каде што тимски колега ќе му биде Карлос Саинц. Потоа тој ќе се соочи со најтешкиот предизвик во спортот, релито “Дакар” кое трае 13 денови, а маршутата за 2016 година предвидува да се вози низ Аргентина и Боливија. Заедно со него во Јужна Америка ќе бидат Стефан Петерхансел и Сирил Деспре, кои ќе го комплетираат “дрим-тимот” екипажот на Пежо-Тотал.

Леб има 41 година и е еден од најуспешните возачи во историјата на мотоспортот, со 46,2% сооднос на победи од вкупно стартувани трки во светското првенство.

Го открив светот на трките кога имав 18 години и започнав да се натпреварувам во моите први рели трки. Оттогаш се интересирам за секаков тип на трки, а Дакар е една од нив. Мислам дека е голем предизвик да се оди и да се вози низ пустината. Дакар е сосема поразличен од трките што ги возам во моментов. Ќе трае две седмици, а ќе биде потребно да се грижам и за себе и за возилото. Тоа е сосема поинаков пристап кон трките, но ќе го откријам во јануари, изјави Леб.

Леб и Саинц ќе бидат тимски колеги во Мароко
Леб и Саинц ќе бидат тимски колеги во Мароко

Претходно Леб ќе му се приклучи на Саинц во Мароко каде што ќе дебитира во крос контри трките, иако претходно во текот на годината го тестираше возилото на Пежо. За Леб ова ќе биде посебен момент, бидејќи Саинц му беше тимски колега во 2003 година кога тој ја возеше својата прва цела сезона во светското рели првенство, се додека Шпанецот не одлучи да се повлече на крајот од 2004 година. Во Мароко, Саинц ќе го вози последниот прототип за 2016 година, Пежо 2008ДКР16, додека Леб ќе го има на располагање возилото со спецификацијата од 2015 година.

Кога го испробав Пежо 2008ДКР во јуни, веднаш ми беше импресивен, а од тогаш се разбира дека е изменет,- вели Леб кој во моментов се натпреварува со Ситроен во светското првенство со туринг возила (WTCC). – Она што ми се виде беше сосема ново искуство: досега возев околу пречките, но со ова возило можеш да возиш директно преку нив, но потребно е малку време за да се стекне самодоверба за да веруваш во тоа! Навикнат сум да имам мошне детали белешки за патот по кој што треба да возам, но во крос-контри треба да го најдам патот и да ја импровизирам рутата. Исто така, ова е прв пат да возам дизел автомобил во било кое натпреварување! Значи има многу нешта кои треба да ги научам, но расположен сум да дознаам повеќе, додава Леб.

Исто како што победуваше на многу рели етапи и трки, повеќе отколку кој било друг возач, Себастијан Леб стана и “Крал на врвовите” кога го собори рекордот на Пајкс Пик во соработка со Пежо и Ред Бул пред две години во Америка. Тоа е епска епизода која е запаметена веќе како легендарен дел од историјата на авто-спортот.

Сега тој ќе биде партнер со највеличенствениот тим до сега кој го “нападнал” Дакар.

Себастијан Леб е референца во овој спорт. Има малку нешта што јас или некој друг би можел да го научи, вели Стефан Петерхансел, кој има 11 победи на “Дакар“, и како мотоциклист, но и на четири тркала.

Откако се префрлив од две на четири тркала, имам се подобри и подобри искуства. Со доаѓањето на Себастијан во тимот, сега се е комплетно, додава Сирил Деспре, петкратен победник на трката, кој исто така се натпреварувал во двете дисциплини.

Немам што да кажам за кариерата на Себастијан, а да не е кажано до сега. Се разбира дека крос-контри трките ќе бидат нова авантура за него, но тој го има потребниот капацитет за да се адаптира без проблем. Како што имам видено во минатото, тој брзо учи без оглед што и да прави, заклучи двократниот светски првак во рели и победник на Дакар од 2010 година, Карлос Саинц.

Дакар е нешто што влијае на мене, тоа е голема авантура,- вели Себастијан кој досега беше успешен во рели трките, ридско брзинскиот предизвик Пајкс Пик и во светското туринг првенство. Релито во мароко ќе ми даде интересна идеја за крос-контри трките, па тоа е фантастична шанса за мене да учам, особено покрај толку успешни тимски колеги.

Идентично како и во случајот со неговите девет титули светски првак и 78 гран при победи, Леб ќе го има Даниел Елена како свој совозач. Мароко ќе претставува камбек на најуспешниот екипаж што е виден во историјата на трките, при што тие започнуваат нов предизвик по 17 величенствени години во рели трките.

Леб и Елена повторно ќе соработуваат
Леб и Елена повторно ќе соработуваат

Исто како и Леб, 42-годишниот Елена досега не се натпреварувал во крос-контри трките, но мина низ интензивен тренинг за да се подготви за потребите на една од најпредизвикувачките навигации на светот, каде што екипажот постојано мора да размислува во движење за да го освои застрашувачкиот оф-роуд пејсаж. Тие ќе бидат помогнати од софистицираната ГПС опрема, која треба да ги раководи од една попатна станица до друга.

Себастијан беше импресивен од првиот момент кога седна во возилото. Ние знаевме дека ќе биде привилегија да го имаме да соработува со нас. Тој го употреби својот меродавен пристап за да го разбере возилото чекор по чекор: од тој момент неговиот природен талент ја презема работата. Откако го подобривме автомобилот во неколку различни области од последниот “Дакар“, вметнувањето на Себастијан Леб во тимот е последниот дел од сложувалката”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.