На дански начин: Оставете ги децата голи на снег

Копенхаген има прекрасна архитектура , па оттаму очекувано е и градинките да се весели, шарени, топли, со заинтересирани и посветени воспитувачки. Но, овие детски установи таму наликуваат на бараки, со сиви ѕидови и подови, без боја, играчки, цртежи, а воспитувачките едвај да се занимаваат со децата, објаснува хрватката Кристина Волспергер Даниловски, која во Копенхаген се преселила во 2009 година. По три години, таа се враќа да живее во Загреб и ја објавува книгата „Данци и странци“. Ова се некои извадоци од книгата:

Јасли? Па ова е шупа!

„Данците веруваат дека децата од мали нозе треба да се учат да бидат индивидуалци, дека треба да се грижат самите за себе и самите да се забавуваат. Данските мајки не трчат по своите деца и не викаат „ немој, немој, внимавај ќе паднеш“. Тие веруваат дека децата мораат да паднат и дека така ќе се научат. Кога го пуштив во јасли мојот син, кој немаше ни две години, воспитувачките сметаа дека е во ред тој да излегува без капа по снег и на дожд и да измрзне и да накисне, бидејќи следниот пат сигурно нема да ја заборави капата“, вели Кристина.

Нашиот менталитет ова тешко дека ќе го прифати, но таа предупредува: Данците израснуваат во среќни, здрави и одговорни луѓе. Единствено, нивниот пристап е различен.

„Нема тука оценки што е подобро или полошо- едноставно е различно. Дали е добро постојано да се скока околу децата како што правиме ние? Дали е подобро што нашите градини мораат да бидат розови или сини и полни со цвекиња? Дали е тоа објективно подобро? Дали е добар нашиот менталитет во кој последните пари се даваат за децата? Дали е подобро родителите да немаат ништо а децата да носат брендирана облека и да прославуваат скапи родендени? Не знам! Тоа во Данска го нема. Облека се купува само кога се мора, и тоа евтина, играчките се ретки, како и слатките работи. Веројатно, најдоброто е некаде во средина“, вели Кристина.

 Спиење на улица како терапија

Во мрачно и дождливо утро, Кристина поминувала покрај десетина паркирани колички во дворот на градинката каде што треба да го остави својот 1,5 годишен син, кога слушнла тивок плач. Мислејќи дека си замислува, се наведнала над една од количките  и таму здогледала завиткано бебе како плаче. Во количките спиеле бебиња, на нордиски студ, без надзор! Кристина се’уште не знаела дека  Даанците длабоко веруваат во терапевтското дејство на спиење на отворено, воглавно без надзор. И воопшто не разбираат зошто остатокот од светот вика полиција и социјална служба кога на улица ќе наиде на количка во која плаче бебе. Во данските јасли, таквото чување на деца е стандард. Ако случајно немаат двор, мораат да имаат тераса за детска спална на отворено!

danska kolicki

 Најдобро е децата да се остават во шума

Данците многу држат до екологијата и здравиот начин на живот.  Нивните деца ретко добиваат колачи и други слатки работи, а се внимава и редовно да јадат свежа храна. Не им се купуваат играчки во изобилие, мораат да бидат креативни и да играат надвор, без мешање на возрасните. Затоа многу се популарни шумските градинки, „установи“ поради кои тука веројатно би го  кренале на нозе Омбудсманот за детски права, мистертсвото за образование, Министерството за труд и социјална политика  и би барале кривично гонење на сопственикот на градинката.

Се работи за градинки, кои во градежна смисла, се состојат од монтажен санитарен чвор на ливада покрај шува, надвор од градот. А, собите, дворот за играње, шкафчињата и другиот вообичаен инвентар  се ноѓа – во шумата. Децата кои се со пелени одат во групата Даб, а предучилишните деца во групата Смрека. Осум часа тие деца пресојуваат во шума, без настрешници, без згради, без играчки, без радијатори. И тоа во држава во која има силна зима од крајот на септември до средината на мај. Со себе носат ланч-пакети, претежно свежа храна. Основно правило е дека малите кои се во јасли мораат сами да се занимаваат, без педагог. По осум часа поминати во шума, децата со автобус ги враќаат во градот. Тешко е да се замисли како овдешните мајки се согласуваат нивното штотуку проодено дете, осум часа само да се шета низ шума, на минус 10 Целзијусови степени. Но, исто така, за разлика од данските мајки, овдешните „добро се запознаени“ со сите болести кои децата ги добиваат во градинка. Во шумските градинки нема ни вируси ни бактери. Тоа се деца здрави како дрен.

sumski-vrtici

 

djeca u sumi12

 

obdaniste-u-sumi-548x320

Бебето има температура? Оставете го голо на снег…

 Данците не наседнуваат на измамите на фармцевтските лобирања и не користат лекови без врска, бидејќи – од повеќето работи не се умира. Тоа е мантра не само на просечните Данци, туку и на нивните лекари.  Кристина добила нервен слом кога во градинка го видела своето дете соблечено на пелени и ставено покрај отворен прозор сред зима. Детето било оставено така, бидејќи според Данците, на тој начин природно му се симнува температурата!. Чепчињата, сирупите и облогите, данските мајки најчесто ги презираат. Како што генерално се презираат  беспотребните одења на лекар, поради, да кажеме, висока температура, или сипаници. Бидејќи на лекар не се оди без најава, див е речиси невозможно да се стигне со така обични симптоми. Кристина на крај,  поради својот болен син, им се јавила на ки лакари за да ја подучат како да ги предимензионра симптомите за да во Коенхаген може да добие термин во некоја здравствена ординација

 Данците сакаат да имаат деца

Данска е една од ретките земји во Европската унија која нема сериозен проблем со наталитетот. Нивните жени во просек раѓаат 1,8 деца во текот на животот. Тоа е видливо и на улица – насекаде деца, родителите секогаш ги носат со себе, бидејќи дадилките најчесто не се прифатени, а многу чести се и колички за близнаци. Данска е на врвот според процентот на жени кои користат медицински помогнато оплодување. И покрај тоа што за нас се нерзбирливи нивните родителски методи, факт е дека Данска е држава која ги сака децата и семејството – кaво било: разводите се чести, но по рзводот родителите рaмноправно се грижат за децата. За нас необично, голем број жени имаат деца со повеќе мажи. Геј паровите нормално одгледуваат деца, жените доста често и самите одат на вештачко оплодување. Ја почитуваат различноста на семејните струтури и ги сакаат децата.

На крај, Данците се најсреќен народ на светот, според истражувањето за среќа спроведено од Универзитетот Колумбија, и покрај тоа што зимата им трае подолго од другите три годишни времиња заедnо, и во поголемиот дел од земјата се стемнува веќе во 16 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.