На Дара Бубамара и се слошило на аеродром

На пејачката Дара Бубамара и била укажана итна медицинска помош на аеродромот „Никола Тесла“ откако по пристигнувањето од Цирих изгубила свест.

Како што пренесува Ало.рс фолк ѕвездата се враќала од настап од Швајцарија, а и се слошило поради исцрпеност и диета која неколку недели ја држела.

Според изјавите на Дара овие неколку дена била на специјален режим на исхрана, ослабела шест килограми и поради тоа малку и паднал имунитетот.