На денешен ден пред 104 години потона Титаник

Пред 104 години на 15. април 1912 година бродот Титаник потона на своето прво патување.

На првото патување од Велика Британија во САД, најголемиот и најлуксузниот патнички брод „Титаник“ со голема брзина налета на леден брег во Атлантикот.

Бродот потона за само два часа и 20 минути.

Имал носивост од 46.328 БРТ, должина од 269,1 м, парни турбини со 59.000 коњски сили, максимална брзина при полн товар од 24 јазли (44,57 км/ч) и капацитет од 3.547 патници.

Од вкупно 2.223 луѓе на „Титаник“, само 706 ја преживеале катастрофата а 1 517 исчезнале. Поголемиот дел од жртвите починале од хипотермија во водата со -2 степени Целзиусови.

Со оваа температура на водата, може да се очекува смрт за помалку од 15 минути. Луѓе и членови на втората и третата класа многу тешко би преживеале.

Од мажите во втората класа, 92% исчезнале, додека помалку од половина од третата класа патници преживеале.

Шест од седумте деца од првата класа преживеале. Сите од децата во втората класа преживеале, каде само 34 % биле спасени од третата класа.

Четири жени од прва класа умреле, 86% од жените од втора класа преживеале и нешто помалку од половина од третата класа преживеале.

Севкупно, околу 20% од мажите преживеале, во споредба со 75% од жените.