Македонија

На денешен ден е родена мајка Тереза

На денешен ден е родена мајка Тереза

Мајка Тереза е хуманистка родена во Скопје на 26. август, 1910 година.  Таа била мисионерка на добрината и добитничка на бројни награди, меѓу кои и Нобеловата.

Нејзините зборови нема да ни кажат ништо ново, ништо што досега не сме го слушнале. Тие се едноставни, токму како и нејзиниот живот, но моќни исто колку и нејзините дела. Ова се нејзините најголемите цитати:

„Ајде секогаш да се среќаваме со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубовта”.

„Верувај во малите нешта, бидејќи токму во нив лежи твојата сила”.

„Љубовта започнува од домот, и не е важно колку правиме, туку колку љубов внесуваме во она што го правиме”.

„Шири ја љубовта секаде каде што одиш. Кога некој ќе дојде кај тебе, нека си замине посреќен отколку што дошол”.

„Да бидеш непосакуван, незгрижен, заборавен од сите…, тоа значи да бидеш погладен и посиромашен од оној кој нема што да јаде”.

„Мирот се раѓа од насмевката”.

„Ако не можеш да нахраниш 100 луѓе, нахрани барем една личност”.

„Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка”.

„Никогаш нема да бидеме свесни за тоа колку добри нешта може да направи една обична насмевка”.