На девојчињата проститутки им гаснат цигари по интимните делови

Во Црна Гора девојчињата влегуваат на светот на проституцијата на возраст од само 15, 16 години, вели директорката на невладината организација „Црногорско женско лоби“, Аида Петровиќ.

Мамецот за да влезат во тој суров свет обично се ангажманите како го-го танчарки, шанкерки или келнерки, објаснува Петровиќ во разговор за подгоричкиот весник.

„Девојките сешто доживуваат, им доаѓаат секакви луѓе со кои се принудени да бидат. Потоа редовно следи малтретирање“, вели Петровиќ.

Директорката на „Црногорско женско лоби“ нагласува дека активистите на организацијата со која раководи имаат прилика да зборуваат со девојките на кои „клиентите“ им одгризувале делови од телото, им гаснеле цигари по интимните делови, па ги ставале на маса ги покривале со храна и јаделе од нив.

– Не станува збор за луѓе кои во друштвото се познати како манијаци или психопати. Најчесто станува збор за нормални личности кои имаат семејства, а плаќаат за да се изживуваат над некого. Проститутките ретко сакаат да зборуваат  за своите клиенти и никогаш не го откриваат нивниот идентитет или со што се занимаваат иако знаат. Тие дури и нам не ни го кажуваат идентитетот на тие луѓе, но ние тоа не ни го бараме, само ги знаеме по прекари – вели Петровиќ.

Таа смета дека не постои доброволна проституција и дека е против сите иницијативи за нејзина легализација, и дека овој проблем е најприсутен во Будва, Бар и Тиват, и на магистарлите во Цетиње и Никшиќ.

– Ние може не ги гледаме тие девојки, но не зато што не постојат тука затоа што добар дел од работата, закажувањето со клиентите го договараат преку мобилен. Но ги има на магистралите, тие стопираат и ако некој наиде тие му се нудат. Никогаш не ја работат оваа работа сами, секогаш зад нив стои некое макро, или како што го велат тие газда, кој често ги договара нивните „средби“, им наоѓа клиенти и се разбира им зема добар процент од заработката – вели Петровиќ.

– Најчесто тоа се го-го танчерки. Кога ќе поминете низ шеталиштето и ќе видите такви работи тогаш знајте дека тука секогаш има и проституција. Девојките ни раскажуваат дека од 22 до 3 часот наутро работат како танчерки и потоа нивниот газда ќе им најде муштерија, или некој сам ќе им пријде.

Тогаш заминуваат со муштеријата, а во случај на рацијата имаат подготвена приказна дека тие со тој човек се по своја волја и полицијата тука не може ништо да направи-  вели Петровиќ.

Таа тврди дека на Црногорското приморје во моментот има над стотина проститутки кои се кријат под изговорот дека работат некоја друга работа.

Петровиќ нагласува дека девојките кои се натерани да се занимаваат со проституција се преплашени, бидејќи секој нивен погрешен потег нивниот газда може сурово да го казни.

– Не мора секогаш да ја повреди девојката, туку нејзиното семејство. Секоја девојка која за занимава со ова смета дека му е должна на газдата за облеката, храната или сместувањето, и тој секогаш ја држи во рака. Младите жени кои се занимваат со пружање сексуални услуги секогаш имаат план по година дена да излезат од тој свет, но тоа ретко се случува – вели Петровиќ во интервјуто.Додава дека од разговорот со девојките дознаваат дека постои проституција на јахти.

– Проблемот е што кога тие одат не знаат каде се наоѓаат. Обично се пијани и под дејство на дрога, па така просто не знаат во кој град се, ниту со кого се. Една девојка ни раскажа дека одела на јахти и дека никогаш не била сама, секогаш со неа имало и други проститутки и се разбира многу мажи – заклучила диреткорката.