На диво сте приклучени за вода и струја? Еве како да ги легализирате приклучоците

Македонците често знаат да не ги почитуваат правилата мислејќи дека на тој начин полесно ќе ги прескокнат давачките. „ЕВН Македонија“ и „Водовод и канализација“ се само дел од претпријатијата чии услуги ги користиме секојдневно. Дивите приклучоци за струја и вода и на двете компании не им се непознати. Од двете компании велат дека им се случува при нивните редовни контроли или по пријава да пронајдат нелегално приклучување на нивната мрежа и за Нет Прес објаснуваат како се справуваат со овој вид на прекршоци.

Од јануари до август оваа година, македонските судовите изрекле 83 првостепени пресуди за корисниците кои краделе електрична енергија. Според податоците на ЕВН Македонија, најмногу струја се краде во Скопје и тоа 146 кражби, потоа Струмица со 80, Тетово 55 и Кратово 2 кражби.

Над 920 илјади kWh електрична енергија украле крадците, а штетата во пари изнесува над 6 милони денари или околу 110 илјади евра.

Кривичното дело го сториле со директно поврзување на дистрибутивната мрежа пред мерниот уред, манипулација на броилото, се приклучиле на дистрибутивната мрежа без да добијат Решение за енергетска согласност илисамоволно се приклучиле после исклучување поради неплатени сметки.

„Од овие 83 пресуди, девет се однесуваат на кражби на електрична енергија за кои корисниците ќе треба да заминат на издржување затворска казна во траење од една година. Дваесет и три од пресудите се парични казни. Крадците на елкектрична енергија ќе треба да платат вкупно 4 милони денари. Условни казни добиле 57 корисници, кои ако во следните една или две години повторно сторат ново кривично дело, ќе бидат принудени да заминат на издржување казна затвор во траење до една година. Освен што се осудени на условна казна тие се задолжени на оштетеното правно лице да му ја надоместат против-правно одземената имотна корист прибавена со извршување на кривичното дело“, велат од ЕВН Македонија.

Вкупната штета која крадците ја направиле на компанијата е околу 25 милиони денари.

Јавното претпијатие „Водовод и каналузација“ се соочува со истиот проблем како и „ЕВН Македонија“. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека се соочуваат со корисници кои бесправно се приклучуваат на водоводниот систем и поради тоа се принудени да прават редовни и вонредни акции за откривање, евидентирање и вклучување на истите во системот.

Од претпријатието потенцираат дека најголем број на бесправно приклучени корисници се од руралните и приградските населби Сарај, Шуто Оризари, Студеничани и Гази Баба.

voda-1

„Во насока на сузбивање на ваквата негативна појава им овозможивме на сите бесправно приклучени корисници кои живеат во индивидуални станбени објекти бесплатно да се евидентираат во системот. Оваа можност во дадениот рок кој беше од средината на месец Мај па до крајот на месец Август ја искористија 2944 корисници. Бесправното приклучување на водоводниот систем се санкционира со тоа што корисникот се исклучува од системот, му се дава можност да си го легализира приклучокот односно да склучи Договор за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води. Доколку одбие поднесуваме пријава за сторен прекршок/кривично дело кражба на вода до Основното Јавно Обвинителство. Од 2007 па се до 2013 година поднесени се вкупно 17 пријави од кои 2 предмети се завршени со донесени правосилни Решенија за исплата на парична казна“, велат од претпријатието.

Како легално да се приклучите на дистрибутивната електрична мрежа

struja

Како легално да се приклучите на водоводната мрежа

Постапката за приклучување на водоводната мрежа е следна: сите корисници пред да започнат со изградба потребно е да се обратат до нас односно да поднесат барање за издавања на потврда за постоечки и планирани подземни инсталации и барање за издавање на хидротехнички услови. По што се потпишува Договор за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води. Барањата може да се превземат и од веб страната www.vodovod-skpje.com.mk и истите заедно со останатите документи кои ги издава локалната самоуправа односно општините треба да се поднесат во нашата архива која се наоѓа на улица Ѓуро Стругар број 11, во зградата на Технометал Вардар, на приземје.

Од претпијатието ги охрабруваат граѓаните кои имаат сознание за нелегално односно бесправно приклучени лица на водоводната и канализационата мрежа, истите да ги пријавуваат на дежурната бесплатна телефонска линија 0800 22 555 (само од фиксен телефон) или на бројот 3073-010 (од фиксен и мобилен телефон).