На „Долно Блаце“ уапсен Австралијанец кој се барал со потерница

На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера околу 19 часот на влез во Македонија, при извршена проверка било утврдено дека за 53-годишниот Л.А. од Бризбен-Австралија е распишана потрага по судска наредба од Основен Суд Скопје 2, Скопје.

Лицето било приведено во Полициска станица Чаир за понатамошна постапка.