На Џастин Бибер му се заканува затворска казна до шест години

Аргентински судија издал налог за апсење на Џастин Бибер, затоа што пејачот не се појавил во суд поради обвинението дека им наредил на своите телохранители да нападнат еден фотограф во 2013 година.

Судијата Алберто Хулио Банос им одреди мерка притвор на Бибер и неговите телохранители Хуго Алсидес Хесни и Теренс Рич Смолс. Бибер е обвинет дека ги испратил своите телохранители да го нападнат фотографот Диего Перез пред влезот на еден ноќен клуб во Буенос Аирес.

Бибер никогаш не се вратил во Аргентина да одговори на прашањата на обвинителството поврзани со нападот.

Според аргентинскиот закон, на Бибер му се заканува казна од една до шест години затвор, доколку се утврди дека е виновен за нападот.