На есен продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да продолжи во септември, пишува денеска приштинскиот весник Трибуна, повикувајќи се на неименувани извори кои тврдат дека официјалните лица на ЕУ кои посредуваат во дијалогот планираат да го продолжат.

Дневникот наведува дека премиерот Хашим Тачи и опозицискиот кандидат мандатарот Рамуш Харадинај во разговорите со странските дипломати и официјалните лица на ЕУ изразиле подготвеност да го продолжат дијалогот.