На ЕУ и’ е потребен фонд за невработени

Земјите од евро зоната би требало да го лансираат амбициозниот нов проект како што е заедничко осигурување на невработените.

Анкетите покажуваат дека антиевропските партии ќе освојат повеќе гласови на претстојните избори за Европскиот парламент во мај, што го покажува незадоволството на гласачите со потезите на политичарите за време на должничката криза, која предизвика долготрајна рецесија и високата невработеност во голем број земји од евро зоната.

„На евро зоната и’ е потребна дополнителна интеграција, евро зоната мора да биде посилна за да може граѓаните повеќе да веруваат во еврото“, рекол францускиот министер за финансии, Пјер Московиси.

Тој верува дека би било добро решението за формирање на заеднички буџет кој што ќе биде клучен за невработеноста.

„Франција се залага за формирање на фондот, да го нарече буџет, но планот го саботираа европските правници, кои се сомневаат во неговата легалност. Париз и Берлин работат на заеднички план на полето на даноците, кој што ќе биде претставен во следните месеци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.