четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 87

На „Фејсбук“ формирана група за граѓански активизам за помош на настраданите

На социјалната мрежа „Фејсбук“ веќе активно и континуирано функционира групата Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje.

s1

Поврзани вести

На социјалната мрежа „Фејсбук“ веќе активно и континуирано функционира групата Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje.

Од граѓаните коишто ја водат иницијативата за граѓанска ангажираност за помош на настраданите и граѓанската помош за санирање на штетите во сите настрадани подрачја се аплира сите граѓани коишто се активни на социјалната мрежа и сакаат континуирано да помагаат и континуирано да се во тек со сите случувања и потреби од граѓански активизам да се зачленат во јавната група.

Во групата, редовно се објавуваат информации за:

  • потребна помош од волонтери;
  • потребна помош во вид на донации;
  • информации за нови собирни места за помош;
  • информации за расположливи човечки ресурси за директна помош;
  • информации за состојбата на терен, и во настраданите подрачја и на местата за собирање донации.

Администраторите и модераторите на групата се организирани со континуирани дежурства и за логистика, давање помош, обезбедување контакти за иттно интервенирање и повикување на надлежни институции, теренски активизам итн. Се работи во смени, поради потребата и од теренска активност во којашто активно учествуваат и администраторите и модераторите на групата. Во групата има достапен упатен администратор или модератор, 24 часа.

Преку групата, организирано ќе се постапува во секој миг на потреба на граѓански активизам и согласно потребите ќе се организираат настани коишто се потребни.

Најчитани вести