На фестивал во Пула поради дрога уапсени над 170 лица

Хрватската полиција уапсила 171 лице поради употреба на дрога за време на фестивалот „Дименжнс Хрватска 2015“, што се одржа од 27 до 30 август во Пула.

Меѓу уапсените се 148 странци и 23 хрватски државјани.

Според податоците на полицијата еден државјанин на Хрватска и двајца државјани на Италија се осомничени за неовластено производство и промет на дрога. Од осомничените се одземени 115 грама марихуана, 21 грам кетамин, 29 грама џоинти, 34 грама хашип, 29 грама МДМА, 53 екстази, 6 грама кокаин, 7 грама амфетамин, 14 ЛСД, 4 грама спид и 0,8 грама хероин.

Полицијата наплатила и 138 казни во вкупна вредност од 471.499 куни (62.500 евра).

Хрватската полиција откри и осум хрватски државјани кои поседувале ампули со гас и балони со гас, што илегално ги продавале.

Нов вид дрога демнее во Њујорк

k2-640x396Полицијата во Њујорк се бори на улиците со нов вид на дрога, синтетичка марихуана која се вика К2, а која на корисниците има такво психолошко влијание, што им дава чувство на надчовечка сила. Освен тоа, го зголемува чувството на топлина, одосносно температура, па оние кои земале таква дрога обично шетаат голи.

Поради тоа што е евтина, овој вид на наркотик е особено популарен меѓу бездомниците, а тоа на полицијата дополнително и ја отежнува работата.

Кога се под влијание на К2, луѓето се релативно нечувствителни на болка и имаат чувство на неверојатна сила, па самите се изложуваат на можни пповреди, вели Бил Братон, од њујоршката полиција.

Полицијата објави и снимки од двајца мажи кои се соблечени голи. Еден клекнал сред улица и лупа поасфалтот, додека другиотсо рака удира по ограда. Тројца полицајци морале да ги совладеат.

Синтетичката марихуана, К2, не е проблем само во Њујорк, туку веќе има и случаи во Австралија. Се произведува од хемикалии кои имаат сличен ефект на ТХЦ, се мешаат со тревки и се продаваат спакувани во пакетчиња со дреќливи бои. Веќе се забележани и неколку смртни случаи.

Во продолжение погледнете ја видео снимката на која се гледа однесувањето на зависници од оваа дрога: