На филмски фестивал во Трст, Македонија со повеќе филмски проекти

На 25 тото издание на фестивалот во Трст, Италија (Trieste, 17-22 Јануари 2014) Македонија се претставува со повеќе филмски проекти.

Во официјална конкуренција на документарни филмови учествува филмот „Мама Европа“ на Петра Селишкар, а во конкуренција на кратки филмови, анимираниот филм „Алерик“ на Вук Митевски. Во склоп на филмскиот маркет WEMW (WHEN EAST MEET WEST) ќе биде претставен дебитантскиот филмски проект „КРАНИ“ на Ѓорче Ставревски кој е меѓу 15 селектирани во конкуренција од преку 300 пријавени проекти.

На филмскиот Маркет се поканети филмските фондови од БЕНЕЛУКС како земји во фокусот, а целта е тие да се сретнат со проектите од Источна Европа и да се развијат пошироки филмски копродукции.

Во склоп на официјалните презентации, на овој филмски Маркет, за филмската дејност, новиот закон и новата Агенција за филм на Македонија ќе говори директорот Дарко Башески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.