На француски Реунион исламист ранил двајца полицајци

(AFP/Getty Images)

Двајца полицаји се полесно ранети во четвртокот наутро во францускиот прекуморски департман Реунион кога маж „осомничен за исламски радикализам“ стрелал кон нив додека го приведувале, објави префектурата на овој француски остров во Индискиот Океан.

Мажот одбил да се предаде и пукал од пушка врз силите на редот, истакнува префектурата додавајќи дека полицајците одговориле и го совладале напаѓачот. Мажот, на возраст од дваесетина години, неодаман се преобратил во исламот.

За инцидентот на далечниот департман известен е противтерористичкиот одел на париското обвинителство.

Џихадистичка ќелија, прва во прекуморските француски територии, беше откриена на Реунион во јуни 2015 година. Ја водел салафистички проповедник на 21-годишна возраст наречен „Египѓанец“. Беше приведен во јуни 2015 гоина, и преместен во Париз каде е испитуван и заточен.

Според префектурата на Реунион, стотина лица се осомничени за радикализирање на овој остров.