На Французите за живот им требаат 1500 евра месечно

Граѓаните на Франција сметаат дека за живот во нивната земја минимално е потребно 1490 евра месечно, покажала анкетата на истражувачкиот институт БВА.

Оваа сума  е зголемена поради инфлација за 75 евра во однос на резултатот од анкетата од 2008 година, но варира главно во зависност од приходите на испитаниците и професионалниот ангажман, пренесува АФП.

Па така, кадрите кои се на раководечки функции и слободни професии, наведуваат дека за живот минимално е потребно 1560 евра месечно, додека членовите на домаќинствата со ниски приходи сметаат дека е доволно 1410 евра.

Оценката на неопходните минимални примања зависи и од местото на живеење, Парижаните наведуваат сума од 1620 евра, а сумата што ја наведуваат граѓаните во општините со помалку од 20 илјади жители се значително пониски, 143о евра.

Според податоците од Националниот институт за статистика, средната месечна заработка во 2011 била 1630 евра.

Истата година 8,7 милиони Французи живееле со помалку од 977 евра месечно, што значи на граница на сиромаштија.
Ова истражување кое се прави секоја година, покажало дека во Франција се повеќе с еистакнуваат социјалните разлики.Дури девет од десет граѓани оценуваат дека социјалната нееднаквост е зголемена за последните пет години