На Голак голем црковно-народен собор во чест на „Св.Панталејмон“

На Голак голем црковно-народен собор во чест на „Св.Панталејмон“
На Голак голем црковно-народен собор во чест на „Св.Панталејмон“

Во Туристичко-рекреативниот центар на планината Голак кај Делчево, денеска, се одржува голем црковно-народен собор во чест на православниот празник „Св.Панталејмон“, објави МИА.

Во црквата во Голак посветена на големиот народен исцелител и добротвор Св.Панталејмон утрово се одржа утрена богослужба и литургија,  на која присуствуваа стотици верници од Делчево, Виница, Берово, Пехчево, Македонска Каменица и другите населени места од Осоговскиот и Пијанечко-малешевскиот крај, но и бројни соборјани од Словенија, Србија, Бугарија и Турција.

Црковно-народниот собор продолжува со богата празнична трпеза и општонародна веселба, што ќе потрае до вечерните часови.

Синоќа на летната сцена во манастрирскиот комплекс се одржа и 21-то издание на Меѓународниот фестивал „Голачки фолклорни средби„ на кој зедоа учество дваесетина фолклорни групи, ансамбли и културно-уметнички друштва од земјава и странство