На големо се апсат педофили низ Србија

Во полициската акција „Армагедон“ во Србија, извршен е претрес на станови кај повеќе лица на повеќе локации низ Белград, Неготин, Суботица, Пожаревац и Зрењанин.

Во тоа прилика идентификувани се шест лица за извршување на кривичното дело педофилија, меѓу кои има и двајца повратници, а против нив ќе биде поднесена и кривична пријава.

Уапсени се четири лица, додека против шест осомничени ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Во текот на претресот пронајдена е голема количина на електронски материјали со сексуално-злоставувани деца и малолетници, кои се осомничени и да закачување на видео материјалите на интернет, како и нивно чување во домашните компјутери и телефони.