На гостиварски печалбар му го украдоа накитот вреден 8.000 евра

Чекмеже полно со разновиден накит вчера украл арамија од домот на гостиварец кој е на работа во странство.

Портпаролот на тетовска полиција, Марјан Јосифоски соопшти дека вчера се случила тешка кражба во домот на 43-годишниот Д.З. во гостиварското село Дебреше.

Арамија успеал да влезе во домот на Д.З. кој е на работа во странство, откако се прекачил преку прозорецот од спалната на првиот кат. Откако ги пребарал собите, арамијата одземал чекмеже полно со златен накит, нараквици, прстени, ланчиња, вредни околу 8.000 евра.

Тешката кражба во полиција ј пријавиле роднини на печалбарот.

Полицијата работи н откривање на арамијата кој со богатиот плен избегал во непознат правец.