На ГП „Долно Блаце“ отворен заеднички Контакт центар на Македонија и Косово

Отворањето на заедничкикот Контакт центар е уште една потврда на одличните добрососедски односи меѓу Македонија и Косово и по неколкумесечното пробно работење денес само може да констатираме дека од технички апсект Контакт центарот одлично функционира, што значи дека полициските службеници од двете страни на границата заеднички во овие простори ќе можат да извршуваат задачи од доменот на своето работење, да разменуваат информации а се во функција на побрзо решавање на одредени спорни ситуации кои по природа можат да се јават на граничните премини. Ова меѓу другото го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешното официјално пуштање во употреба на новиот заеднички Контакт центар за гранична соработка меѓу полициските служби на Р. Македонија и Р. Косово на ГП „Долно Блаце“, на којшто учествуваа и косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени и амбасадорот на ОБСЕ во Република Македонија, Ралф Брет.

Според Јанкулоска, досегашната практика покажа дека овој центар дури и во пробниот период фунционираше одлично, односно благодарение на размените на информации откриени се неколку кривични делка, разрешени се и неколку спорни ситуации, така што Јанкулоска констатираше дека ваквите иницијативи на взаемна соработка придонесуваат за јакнење на добрососедските односи но дополнително и за подобра полициска соработка.

– Овој граничен премин е еден од пофреквентните, во текот на годината го поминуваат над два милиони патници, и отткука секое олеснување на процедурите секоја дополнителна активност која на полициските службеници ќе им го скрати времето на постапување е од корист и за нас како служби надлежни за спроведување на законот, за полициските службеници кои ги извршуваат своите задачи и се разбира најмногу за граѓаните кои преминуваат на овој премин, нагласи министерката.

Таа упати благодарност до мисијата на ОБСЕ во Македонија која што даде своја помош во опремување на овој заеднички Контакт центар и придонесе за негова целосна функционалност.

Од своја страна и косовскиот министер Хисени го поздрави отворањето на заедничкиот Контакт центар потенцирајќи дека соработката на двете полици е во нагорна линија и дека е заеднички интересот за јензино интензивирање во наредниот период. За шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет денешниот настан претставува конкретен материјален успех во борбата против транснационалните закани меѓу двете земји, како и успешен пример за соработка и взаемна доверба.

-Мисијата на ОБСЕ во Скопје целосно се посветува на давање поддршка на идните активности во центарот и на промовирање на најдобрите практики во регионот за соодветно справување со прашањето со транснационалните закани, истакна амбасадорот Брет.