На граничните премини без големи задржувања

На граничните премини без големи задржувања
На граничните премини без големи задржувања

На граничните премини има зголемена фреквенција, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопштуваат од АМСМ.

Оваа информација се однесува само за македонската страна на граничните премини.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, се наведува во соопштението од АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.