Грција нема да има потреба од трет спасувачки пакет

Грчката влада се надева дека на Грција нема да и’ треба трет спасувачки пакет, изјавил лидерот на еврогрупата Јерун Диселблум, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Зборувајќи пред комисијата за економски прашања во Европскиот парламент холандскиот министер посочил дека се’ уште е многу рано да се каже дали Атина ќе има потреба од нов заем.

Тој истакнал дека се надева дека оптимистичките гласови во Грција ќе бидат оправдани.

„Ќе направам оценка во втората половина од годината. Тогаш ќе решам дали е потребна нова програма и со каква форма“, изјавил Диселблум.