На Грција ѝ се закануваат нови поплави

Метеоролозите во Грција се загрижени поради новиот бран лошо време, кој од четвртокот до недела ќе ја погоди земјата. Тие, исто така, предупредуваат на опасноста од нови поплави.

Метеоролозите за денеска најавуваат остра промена на времето, со пороен дожд и невреме што ќе донесе и прашина од Африка.

Лошото време ќе погоди голем дел од земјата. Во наредните денови до недела најмногу врнежи од дожд се очекуваат во западниот и северниот дел на Грција.

Кон средината на ноември Грција беше погодена од лошо време, кога многу куќи, патишта и автомобили беа поплавени поради поројните дождови во јужниот дел на земјата, а бурата „Евридика“ ги погоди островите и повеќе области во континенталниот дел на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.