На грчките острови има повеќе од 11.500 бегалци и мигранти

На грчкиот остров Самос во последните 24 часа пристигнале 82 нови мигранти, со што бројот на бегалци блокирани на овој остров достигна 2.126 лица.

Ова е рекорден број бегалци кои се регистрирани на Самос од потпишувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција, додека сместувачките капацитети на островот може да примат само 850 лица.

Во исто време, од вчера до денеска претпладне на Лезбос пристигнале 20 мигранти и бегалци, а на Хиос се регистрирани пет нови пристигнувања.

Според полициски податоци, на Лезбос во моментов има 5.342 баратели на азил, а на Хиос 4.205 лица. Вкупно, на островите со северниот дел на Егејското Море има 11.673 бегалци и мигранти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.