На грчките острови пристигнале повеќе од 250 нови мигранти и бегалци

Во Митилена на Лезбос денеска пристигнале 90 нови бегалци, со што вкупниот број на мигранти на островот достигна пет илјади лица.

Бројот на мигранти и бегалци е поголем за 15 проценти од вкупниот број на жители на Митилена.

Инаку на Лезбос денеска пристигале вкупно 175 нови бегалци и мигранти, на Лимнос 88, додека на Самос не е регистриран ниту еден.