На Инстаграм објавил фотографии како води љубов со поранешната двојка, па ја претепал

Деветнаесетгодишниот А.Ш. доби осумдневен притвор затоа што на 13 ноември и се заканил на својата поранешна девојка дека ако не му даде 5.000 денари, на Инстаграм ќе објави фотографии каков водат љубов.

Истито ден тој го отворил Инстаграмот без нејзина согласност и користејќи лични податоци од девојката, на лажниот профил поставил дел од нејзина фотографија направена при сексуален чин.

Кога таа дознала за лажниот профил и за тоа дека поседува нејзини компромитирачки фотографии, се сретнала со него, но тој почнал да ја тепа и повторно и се заканил дека ќе ги објави фотографиите и видео клиповите со компромитирачка содржина доколку не му даде 5.000 денари.

Случајот го пријавила во полициската станица Бит Пазар и со одбележани 3.000 денари, следниот ден, на негово инсистрирање и повторно со закани, девојката се сретнала со поранешното момче. Откако физички пак се нафрлил врз неа, таа му ги дала парите, но „Алфите“ во тој момент го привеле, заедно со негов пријател од Кисела Вода, кој бил очевидец на настанот.

МВР соопшти дека од него се одземени мобилниот телефон и парите, а потоа, од домот на насилникот полицијата ги одзела и компјутерот, како и повеќе ЦД дискови.