Магазин

На иранска актерка и се заканува казна бидејќи се поздравила со маж

На иранска актерка и се заканува казна бидејќи се поздравила со маж

На иранската актерка Лејла Хатами и се заканува казна бидејќи на филмскиот фестивал во Кан се бакнала во образ со претседателот на жирито.

Поздравувањето на Хатами и на Жакоб е регистрирано од фоторепортерите и прикажано и во Техеран, каде предизвика гневна реакција.

Иранските власти сметаат дека она што го направила нивната актерка е недозволиво и погрешно, затоа што претставува „навреда врз чистотата“ на жените во Иран.

Оние кои присуствуваат на меѓународни настани, би требало да се придржуваат на кредибилитетот и чистотата на Иранците, па затоа не смее пред светот да се дава лоша слика за иранската жена, изјави заменик министерот за култура на Иран,Хусеин Нушабада.

Според неговото објаснување, иранската жена е „симбол за чистота и невиност“.

Лејла Хатами е мошне позната и популарна актерка во Иран, која стана позната и низ светот по својата улога во наградуваниот ирански филм „Разделување“. Таа потекнува од познато семејство на синеасти и патува по светот, но постојано живее во Иран. Засега нема најава дали и како би можела да биде казнета за нејзината повреда на религиозните правила.