На избирачко место во Кавадарци половина час прекинато гласање

кавадарци

Во 12:00 часот  на избирачко место број 0667 во О.У. „Тоде Хаџи Тефов” во Кавадарци од страна на Избирачкиот одбор при прекин на гласање, побарана е помош од полициски службеник, кој во моментот бил ангажиран на обезбедување на гласачкото место, соопшти Стојковска.

Имено, пријавено било дека сопружници од Кавадарци, при гласање го нарушиле изборниот процес.

Сопругот го земал гласачкото ливче на својата сопруга и го скинал по што и двајцата ја напуштиле просторијата. Во  врска со настанот, едно лице е лишено од слобода и обезбедено е искинатото гласачко ливче, рече Стојковска.

За настанот земен е записник за примање на пријава од заменик претседателот на Избирачкиот одбор. Се работи на целосно расветлување и документирање на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.