На изборите во Грција ќе гласаат околу 10 милиони граѓани

Вкупно 9.808.760 граѓани ќе гласаат на претстојните вонредни парламентарни избори во Грција на 25 јануари, соопшти грчкото Министерство за внатрешни работи, пренесе МИА.

Над пет милиони гласачи се жени, а повеќе од четири милиони се мажи. Повеќе од два милиони гласачи се над 71 години. Тие се двојно повеќе во споредба гласачите на возраст од 42 до 47 години.

Вториот изборен регион во Атина има најголем број регистрирани гласачи со повеќе од 1,4 милиони гласачи, а најмалку на островот Лефкада со 29.151 гласачи.

Во споредба со изборите во 2012 година бројот на гласачите е поголем за  49.699 лица.