На Јадранско Море се појави мошне опасна риба: Несмеете да ја допрете!

Момчињата Ловро и Лика во Биоград уловиле мошне опасна риба. Локален рибар ги спречил да ја допираат, па за среќа не се повредиле, пишува 24сата.хр.

Локалниот рибар на мајката со двете деца им рекол да не ја допираат бидејќи тоа е тропска риба со силен нервен отров и дека се вика косторог. По ова ја ставиле во сад и му ја подариле на рибарот затоа што тој рекол дека во 30 години рибарење не видел такво нешто.

kostorog

Косторогот е отровна риба што на телото има отровна слуз со силен нервен отров. Оваа риба веќе неколку пати се појавува на Јадранот, а пред 7-8 години еден рибар ја уловил со трска, вели Ведран Слјипчевич од одделот за лов и заштита на природата на Универзитетот во Карловац.

Тропскиот косторог има отров цигуатер кој потекнува од коралните планктони и микроалгите што се хранат со него. Исто така постои и јадрански косторог што не е отровен, ни поради големиот број коски и лошиот квалитет на месото луѓето не сакаат да го јадат.