На Јаким и на СОНК им е до 72 милиони денари, а не до работничките права

СОНК добива месечно по 1 отсто од платата на секој член на Синдикатот. Просечна плата на наставниците е околу 20 000 денари, што значи дека СОНК од секој член добива месечно по 200 денари, а претседателот на СОНК, Јаким Неделков самиот посочи дека СОНК има околу 30 000 членови.

Ако се направи груба пресметка, СОНК од овие членови месечно инкасира околу 6 милиони денари. Пресметано на годишно ниво, СОНК добива вкупно околу 72 милиони денари.

Овде се поставува прашањето, каде одат тие пари и каков бенефит од сето тоа досега виделе наставниците. Во чиј џеб одат овие пари и на чија сметка?

Ова прашање се погласно го поставуваат наставниците и членовите на СОНК до раководството, но одговор досега нема.

Штрајкот во образованието предводен од СОНК и од претседателот на Синдикатот доживеа вистински дебакл. Во сите училиштата наставата се одвиваше редовно, освен во Куманово и Струмица, каде што локалната власт е во рацете на опозицијата, а голем број од оние наставници кои првично одлучија да штрајкуваат во текот на вчерашниот ден се повлекоа.
Штрајкот не го поддржаа ни наставниците во училиштата во општина Центар, која исто така е предводена од опозицијата. Само мал број вработени во седумте основни училишта кои се под ингеренција на оваа општина , под притисок на СОНК, деновиве решија да не одат на работа.

Исто така во текот на вчерашниот ден во јавноста беа објавени информации дека СОНК врши притисок врз поголем број од наставниците да штрајкуваат со закани дека оние што нема да штрајкуваат ќе бидат исклучени и нема да добиваат правна заштита од СОНК. Оние кои имаат договор на дело нема да добијат решение за постојан работен однос.

По ова станува јасно дека СОНК е бунар без дно, а на претседателот Јаким Неделков како и на раководството на СОНК не му е до одбрана на работничките права, туку до парите.