На каков тренинг повикува Ангелов кој дава инструкции од друга земја?

Денеска е трет ден како низ Скопје демонстрираат луѓе, зад чии извикувања и насилни испади стојат главни фигури од СДСМ. По повод демонстрациите, се огласи и Стојанче Ангелов кој ги повика уште повеќе да тренираат и да се подговуваат за 17-ти мај, пишува порталот „Плус24.мк“.

Порталот во прилог го пренесува отвореното писмо на Ангелов:

ГРАЃАНИ МАКЕДОНСКИ!!!

Не напаѓајте ги полицајците! Нема ни тие вас! Полицајците не се виновни! Барем повеќето од нив! Но, ако некој фрла или удира по нив нормално е и тие да вратат!

ГРАЃАНИ МАКЕДОНСКИ!

Внимавајте на уфрлени провокатори!!! Провокатори кои намерно се обидуваат да предизвикаат инцидент!!! За потоа, разбеснетата полиција да удри по вас!!! Доколку забележете како некој се обидува да предизвика инцидент, кажете го на најблискиот полицаец! Или, фатете го вие и тргнете го назад!!!

ГРАЃАНИ МАКЕДОНСКИ!

Режимот може да падне без насилство! Режимот треба да падне без насилство! Режимот ќе падне без насилство! Возможно е! Во оваа фаза насилството само штети. Одвраќа дел од кротките, мирни и мирољубиви граѓани. Ги одвраќа да дојдат на протести. Ги одвраќа дури и порешителните да дојдат со своите сопруги. Или со своите поголеми деца. Ги одвраќа да дојдат и повозрасните луѓе. Ги одвраќа да дојдат и граѓаните болни од најразлични болести а кои сепак сакаат да дојдат. Воедно, насилството им дава материјал на провладините; пропагандни песови; полни со омраза и беснило, да р`жат и да лаат по опозицијата. Им дава материјал кој, кога добро ќе се обработи, монтира и искриви, дава сосема поинаква слика за протестите. Лажна слика која за жал ја гледаат повеќето македонски граѓани. Граѓани кои од немајкаде гледаат Сител, Канал 5, МРТ, Алфа…

ГРАЃАНИ МАКЕДОНСКИ!

Скопје има значително повеќе од 500.000 жители. Доволно е само 10%, само еден од десет скопјани да излезе на протест за да се соберат 50.000 граѓани. Или, 50.000 луѓе! А кога би излегле 20% од сите скопјани тогаш на протестот ќе има 100.000 граѓани! 100.000 граѓани или 100.000 луѓе! Само од Скопје!!! Колку за споредба, на референдумот за ГТЦ излегоа 40% од граѓаните на општина Центар!!! Ако на оваа бројка додадеме уште барем 10% граѓани од останатите места во Македонија доаѓаме до бројка од дополнителни, минимум 100.000 луѓе! Луѓе кои реално е тешко да дојдат во Скопје поради ограничувањата со превозот.

Но, како и да ја вртиме, со добра организација на превозот и со поголема самоиницијативност на скопјани! Со поголема самоиницијативност на сите останати граѓани кои живеат, работат или студираат во Скопје! На 17 мај без проблем можат да се соберат повеќе од 100.000 луѓе!!! Повеќе од 100.000 македонски граѓани. Против толкава маса на народ никој не е доволно луд да употреби сила! Или, и да се обиде нема да успее. Бидејки, дури тогаш, полицијата ќе премине на страната на граѓаните!!! А Груевски и неговото најтесно и најлојално раководство ќе останат сами. Сами во бункерот…

До тогаш… До 17-ти мај. Тренирајте!!! Тренирајте секој ден!!! Пред Влада и пред собрание! Помасовно и помасовно!!!

ГРАЃАНИ МАКЕДОНСКИ!

Подршка од сѐ срце! Подршка од дното на душата! Подршка од жешкиот Ирак.

П.С. Честит ден на полицијата!

07.05.2015.

Генерал Стојанче Ангелов

Не може, а да не се забележи  спонтаноста во ова писмо. Веќе станува многу јасно дека беснеењата по улиците се дело на вакви повици за слобода; кои се сѐ само не мирни и демократски, а секако и дека се добро организирани од машинеријата којашто стои зад опозицијата.

Уште еден доказ колку човекот кој некогаш беше бранител на земјата, сега ја дестабилизира со повици за слобода од друг континент.

Луѓето не се наивни, не и по повикот на Рамадани кој исто за 17-ти мај најави свадба на улиците по која ќе извлекувал полицајци облечени во пижами од домовите и ќе напаѓа институции.

Дали тие кротки и мирољубиви граѓани коишто се спомнуваат, се истите оние кои нападнаа полицајци (кои се нечии родители, пријатели) и кои беа хоспитализирани? За голема штета на Ангелов, кога ги спомнува искривените и монтирани материјали од протестите, треба да му се пратат видеата на кои многу јасно се гледа како крварат полицајците кои се обидуват да смират луѓе кои дошле да прават нереди и кои го кинат знамето на татковината.

Чуден е овој повик за тренинг – тренинг за напад врз новинари, палење, демолирање и извртување на вистината.