На КАРИЛ почина 19-годишен возач

Деветнаесетгодишниот Алдин О. од село Долно Коњари, скопско почина ноќва во 03:00 часот на КАРИЛ. Момчето на 6. јуни во 23.35 часот во с.Ржаничино управувајќи возило „ауди 80“ со предниот десен дел удрило во бетонски столб за телефонска мрежа и во камен ѕид од дворно место.

По незгодата возачот и сопатникот С.М. (20) од истото село со возило на Брза помош се пренесени во Ургентен Центар за укажување лекарска помош.

Од страна на доктор кај Алдин биле констатирани тешки телесни повреди. Кај сопатникот се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош истиот е пуштен на домашно лекување.