Македонија,Крими хроника

На Ќафасан приведен тетовец баран за обид за убиство

На Ќафасан приведен тетовец баран за обид за убиство

На граничниот премин „Ќафасан“ на излез од Република Македонија, во текот на вчерашниот ден лишен е од слобода 27 – годишниот С.Б. од Тетово.

При проверка во Оперативната евиденција било утврдено дека С. Б. евидира со мерка за приведување од 17.09.2012 година, распишана од СВР-Тетово поради кривичното дело „Убиство во обид“.

Истиот е задржан за понатамошна постапка.