На кои плажи ќе се сончаат скопските градоначалници?

Скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, откако пред неколку години беше фотографиран во момент на рекреација на една од плажите на Халкидики, принципиелно одбива со јавноста да сподели информација за неговите планови за летен одмор. Која дестинација ќе ја одбере Трајановски за сончање, и одмор годинава традиционално останува мистерија. Единствено што открија од градската служба е дека одморот Трајановски најверојатно ќе го земе после 5. август.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, во моментот го користи својот годишен одмор и неофицијално, со семејството летува во Грција.

Сокол Митровски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, летово ќе ужива на плажите во Хрватска, а челникот на Општина Бутел, Петре Латиновски, од годишните работни обврски ќе земе здив на некоја од македонските планини.
На плажите во Хрватска ќе се сонча и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, заедно со своето семејство. Тоа е сепак нивни првичен план, и  се’ уште незнаат на кое место точно ќе престојуваат.

Дел од скопските градоначалници, годинава решија своите скапи и луксузни летни одмори да ги поминат работно, во довршување на „значајни“ проекти.  Така, „работното лето“ ќе има градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, кој планира цело лето да остане во Скопје.

Поради работни обврски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Алексиќ Беличанец, годинава ќе замине само на краток одмор, но се ’ уште нема прецизирано каде. Како што ни одговори, најверојтно од одморот ќе искористи  неколку денови и ќе се одмора некаде во државава или на некоја блиска дестинација надвор од земјава.

Иако, за јавните личности не се популарни прашањата кои навлегуваат во приватноста и нивното слободно време, голем дел од нив се доблесни и без проблем можат искрено да говорат за „луксузот“ што можат да си го дозволат со платата како народни избраници, и од кој воопшто не треба да се срамат. Сепак, останува и никако не може да се искорени лажната скромност која не е многу уверлива, туку напротив комична.

Летните дестинации за одмор се речиси секогаш достапни и за просечниот македонски граѓанин, а камо ли за „функционерите“, кои по дифолт се сместуваат во категорија „со подлабок џеб“. Затоа, треба да се ослободат од тешкиот комплекс и без проблеми ( како што им доликува) да зборуваат за монденските и егзотични места кои ги посетиле или пак имаат планови да го сторат тоа.

koce