На кои прашања треба да одговорите за да ве примат на Оксфорд

Во овој текст погледнете неколку прашања на кои треба да одговорите за да ве примат на Оксфорд. Универзитетот во Оксфорд, заедно со Харвард и Кембриџ е познат како еден од најпрестижните и најквалитетните во однос на обреазованието.

Некои од најголемите умови на денешницата своето образование го стекнале на Оксфорд.

Освен тоа што треба да имате беспрекорни оцени за време на средното образование, за да ве примат на овој престижен универзитет, задолжително треба да го положите и посебниот приемен испит. Управата на Универзитетот одлучи да објави во јавност дел од прашањата од приемните испити на различните катедри.

Самина Кан, директорката на одделението за креирање на приемните испити рекла дека некои прашања се состојат од академски разговори за правецот што сте одлучиле да го студирате.

Отсек за ориентални студии: Може ли археологијата да ја докаже или да ја негира библијата?

Отсек за биомедицина: Откаде е поврзаноста на шеќерот во урината и дијабетесот?

Отсек за експериментална психологија: Кој број од 0 до 100 би го избрале ако учествувате во игра во која луѓето ставаат 1 фунта како влог? Победник е оној чин број е најблизок до две третини од просекот на сите избрани броеви.

Отсек за економија и менаџмент: Дали банкарите ги заслужуваат нивните плати и дали владата треба да преземе нешто за да се ограничи износот на пари што го заработуваат?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.