Македонија

На кој плоштад скопјани годинава ќе ја дочекаат Новата година?

На кој плоштад скопјани годинава ќе ја дочекаат Новата година?

Сосема е сигурно дека традиционалниот дочек на Новата година овојпат нема да се случи на градскиот плоштад „Македонија“, поради незавршените градежни активности околу новата фонтана, а, која нова локација ќе ја одберат градските власти за годинешната прослава, засега е мистерија.

Иако, неофицијално, надлежните размислуваат за две локации – плоштадот „Пела“ и плоштадот „Филип Втори“, од Градот кратко информираат дека јавноста дополнително ќе биде информирана, бидејќи засега немаат донесено конкретна одлука за тоа.

Иако, според првичните најави, новата фонтана  „џампинг џет“ требаше да заврши до крајот на годинава, сепак, тоа нема да се случи. Нејзината изградба чини околу 2,5 милиони евра, од кои Градот треба да обезбеди една третина, а останатиот дел ќе го финансира Владата.

pl

 

plostad

 

kapija