На која возраст жените имаат најдобар секс

Истражувањето на една фирма од Атланта што произведува играчки за возрасни, а кое опфатило 1.000 возрасни лица помеѓу 18 и 65 години, покажало на која возраст луѓето имаат најдобар секс во животот.

Некои поранешни истражувања покажаа дека мажите врвот го достигнуваат на 18, а жените на 35 години, меѓутоа новите податоци говорат поинаку. Границите се поместени, и тоа за жените одат надолу и се 26 години, а кај мажите се поместени на 32 години.

Испитаниците во анкетата одговарале на прашањата кога ја изгубиле невиноста, во кој период од животот  имале најмногу секс и во кој период најмногу уживале во водењето љубов. Повеќето мажи невиноста ја изгубиле на 17 години, а жените на 16 години. Од испитаните, дури 46% рекле дека „токму сега“ уживаат во најдобриот секс. За најголемиот број луѓе периодот на најдобар секс не се поклопувал со тој во кој имале најчесто оргазам.

„Како и повеќето работи, така и сексот станува подобар колку повеќе го практикувате“, вели експертот за врски и секс Трејси Кокс. „Потребно е време некој да научи да го контролира својот оргазам, мажите и жените да сезапознаат со сложените системи по кои функционираат.“