Македонија

На колегите од регионот не им се верува дека имаме бесплатно образование

На колегите од регионот не им се верува дека имаме бесплатно образование

Почесниот претседател на СОНК, Дојчин Цветановски при синоќешното гостување во емисијата „Јади бурек“ истакна дека проектот „Компјутер за секое дете“ е одличен чекор во ова време на информатичко општество.

Тој додаде дека колегите од регионот, но и пошироко не веруваат дека во земјава има бесплатно образование и компјутер за секое дете.

Според него, во образованието е напревено многу во последните неколку години, колку и да сака некој да го негира тоа.

– Нека се најде барем еден што ќе каже дека државата погрешила што на ученикот во време на информатичко општество компјутерот е основно средство, вели Цветановски.

Тој додава дека иако од опозицијата плукаат врз сите проекти, тој е сигурен дека голем дел од нивното членство сигурно не мисли така, па дури и дел од раководството на опозицијата.